Полициските сили на Хонг Конг известија неколку медиумски здруженија за нови постапки за акредитација на новинарите, во писмо кое денеска е јавно објавено.
Полицијата соопшти дека ќе бидат признаени само оние кои работат за медиуми регистрирани во владата на Хонг Конг или „реномирани и добро познати“ не-локални медиуми.
Асоцијацијата на новинари од Хонг Конг (ХКЈА), Здружението на новински фотографи на Хонг Конг (ХКПА), Прес Федерацијата на Хонг Конг (ХКПФ) и Извршни директори на вести од Хонг Конг се четирите здруженија што го добиле писмото.
Новинарите кои нема да можат да се регистрираат според новите правила, ќе се соочат со ограничувања кога известуваат на терен, исклучување од официјални прес-конференции и потенцијално апсење доколку известуваат без издадени акредитации од владата.
ХКЈА соопшти дека нивните упатства за регистрација се изготвени заедно со претставниците на полицијата и медиумите пред неколку години.
– Полицијата ја раскина оваа врска со планирање да направи значителна измена без претходно да разговара и да се консултира со нашиот сектор, рекоа тие.
– Бараме полицијата да го укине новото правило, или ќе одговориме со преземање на се какви можни и потребни мерки, додадоа тие.
Во писмото, полицијата соопшти дека стотици „самопрогласени“ известувачи се собрале на одредени локации и ја попречувале полициската работа во серија големи јавни настани, што всушност се однесува на протестите кои почнаа минатиот јуни.
Полицијата соопшти дека од август распоредила околу 300 полициски репортери на лице место на протестите кои снимаат сцени од толпи за да ги „олеснат нормалните должности на репортерите“.