Градоначалничката на Тетово Теута Арифи одликувана со „Орден на Ѕвездата на Италија“

Од:

На свеченост во Италијанската амбасада, тетовската градоначалничка Теута Арифи е одликувана со „Орден на Ѕвездата на Италија“, информираат од нејзиниот кабинет. Ова одликување е доделено за придонес во промоција на вредностите на италијанската култура и јазик во странство.

-Наскоро во Тетово ќе профункционира и Италијански агол на книгата, што ќе служи како културен мост меѓу двете земји. Му благодарам на амбасадорот Карло Ромео за честа и гостопримството и верувам дека и во иднина ќе продолжиме да соработуваме и да промовираме прогресивни европски вредности и практики во нашата земја, истакнува Арифи.

Италијанското одликување првпат почнало да се доделува од претседателот на таа држава од 2011 година.

Би можело да ве интересира

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот