Peugeot објави детали за целосно новата генерација на 308, со кој ќе се обиде да освои дел од клиентите на своите конкуренти на пазарот.
Новиот 308 изгледа самоуверено, модерно, со јасни линии на каросеријата и ја користи новата платформа EMP2, која што овозможи тежината на возилото да се смали до 140 килограми.
Со должина од 4,25 метри и висина од 1,46 метар, со рационално искористување на просторот во кабината и со вонсериска големина на багажник од 470 литри, компактниот Peugeot поентира таму каде што купувачите очекуваат најмногу.
Производството на францускиот компакт ќе се одвива во фабриката Сошо, во близина на Париз. Сите погонски групи ќе се испорачуваат од фабриките Тремери и Дуврен, исто така во Франција.
Официјалниот деби на моделот ќе биде на салонот во Франкфурт во септември, а продажбата започнува веднаш по претставувањето.