Заев му пиша на цариградскиот патријарх: Православниот народ во нашата земја заслужува автокефална црква

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев испрати писмо до неговата светост, патријархот Вартоломеј, поглаварот на Цариградската патријаршија, во кое се навраќа на средбата во Истанбул на која беше побарана негова асистенција и заложба Македонската православна црква – Охридска архиепископија, да биде признаена како автокефална црква и да биде примена во заедницата на помесните православни цркви, информираат од Владата.

„Го почитуваме сето она што е одредено од меѓународните договори и состојби. Но, бараме да бидеме слободни и црковно во рамките на границите на нашата земја и нашите архиереи да сослужуваат со архиереите од сите православни цркви во светот“, се вели во писмото на премиерот Заев до неговата светост, патријархот на Цариградската патријаршија Вартоломеј.

Во писмото се истакнува дека православниот народ во нашата земја заслужува црковна независност која ја сонува веќе цел еден век и дека очекува да ја види Македонската православна црква – Охридска архиепископија признаена како автокефална, со благословот и со писмена одлука од првиот меѓу Христовите архиереи на земјата, цариградскиот патријарх Вартоломеј.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Во видео од неколку секунди излезе на виделина целото лицемерие, аздисаноста и лажната грижа за народот на СДС

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Политиката на свиткана кичма на Заев донесе штетни договори од кои и денес Македонија едвај глава крева реагира ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев се лицето и опачината на истата паричка – ортаци се во криминалот и корупцијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не е нов лидер, туку чувар на фотелјата на Заев

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески