Владата ја донесе долгоочекуваната одлука за работата на културните установи во време на пандемија, со што ќе се овозможи функционирање на кината, театрите и другите манифестации, според веќе усвоениот Протокол за организирање на настани.
„Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести согласно кое за кината, театрите, оперските претстави, балетските претстави, другите манифестации со филмски проекции, мултимедиумските проекти, фестивалите и други манифестации од дејноста на културата ќе важи веќе донесениот Протокол за организирање на настани, се вели во кусото соопштение на Владата на темата, по денешната петта седница.