Децата родени наесен се почувствителни на алергии

Од:

Децата родени наесен се почувствителни на алергии на храна и на болестите кои тие ги предизвикуваат, се посочува во ново истражување објавено во американскиот Журнал за алергии и имунологија.

Д-р Џесика Хуј од институтот Национално еврејско здравство, инаку водечка авторка на трудот, вели дека алергиите најчесто се прикажуваат во облик на сува кожа, но тоа може да премине и во друга форма.

– Го испитуваме секое дете што се лекува во нашата болница и дојдовме до заклучок дека родените наесен е многу поверојатно да го искусат она што се нарекува атописки марш. Сега се обидуваме да откриеме зошто е тоа така и цврсто веруваме дека тоа доаѓа само од бактериите на кожата, смета д-р Хуи.

Атопискиот марш ја означува промената на обликот на алергија, како што бебето расте. Во подоцнежните години, како реакции може да се јават чешање, црвенило на кожата, па дури и астма и грозница.

Докторите посочуваат дека спречување на атопискиот марш е можно со третирање, т.е. навлажнување на црвенилото на кожата на бебето со лосиони и водење сметка за храната која кај малечкото предизвикува алергии.

Кравјо млеко, јајца, пченица, глутен, соја, риба, школки, сусам и други семиња, како и кикирики и ореви е храната што најчесто предизвикува алергии. Стручните лица велат дека сѐ ова не мора и не е препорачливо целосно да се исклучат овие намирници од исхраната, но да не се консумираат секојдневно, туку, на пр., секои три дена.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска