Зијадин Села со црковни претставници разговараше за меѓуверскиот соживот во Струга

Од:

По средбата со поглаварот на Исламската верска заедница во Струга и муфтијата во струшкото муфтиство на ИВЗ минатата недела, струшкиот градоначалник Зијадин Села се сретна и со претставници на Струшката епархија на Македонската православна црква од Струга.

Како што информише градоначалникот Села на средбата со црковните преставници се разговарало за подобрување на меѓуверскиот соживот во Струга каде живеат граѓани и од исламската и од православната вероисповест.

„Разговаравме за тоа дека е потребно да се има соживот во Струга. Станa збор и за добриот придонес што може да го дадат и верските службеници за да се постигне целта за мирен и развиен град со добри перспектива“, рече Села.

Села беше првиот кој на ѓраѓаните од Струга од православна вероиспвест им го честиташе големиот празник Велигден.Ова е за прв пат по подолго време еден струшки градоначалник да ги слушне мислењата и на двете верски заедници и нивните ставови.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга