Луфтханза продолжува да отпушта работници

Од:

Кризата предизвикана од Ковид-19 ја погоди германската авиокомпанија Луфтханза потешко отколку што се очекуваше, што значи дека ќе бидат затворени уште повеќе работни места.

„Луфтханза“ ги засилува мерките за штедење и повлекува од сообраќај повеќе авиони отколку што првично беше планирано, пренесува Дојче веле.

Причината е многу побавното закрепнување на воздушниот сообраќај, кој беше сериозно погоден од пандемијата на коронавирусот.

Од флота со 760 авиони, најмалку 150 остануваат трајно приземјени. Ова важи и за најголемиот патнички авион во светот А380 ќе биде исфрлен од употреба доколку производителот Ербас не сака да ги прими назад. А авионите А340-600 повеќе нема да летаат.

Извршниот директор на Луфтханза, Карстен Шпор, исто така, планира дополнително да го намали бројот на работни места со цел да ги намали трошоците.

Без никакви детали, соопштено е дека ќе бидат укинати повеќе од 22.000 работни места со полно работно време.

Во договор со синдикатите, бројот на технолошки вишоци треба да биде ограничен.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија