СДСМ: Просечната плата во јули е зголемена за 8,5 отсто

Од:

„Политиките на СДСМ во интерес на граѓаните и на стопанството, како и ефикасните и навремени антикризни мерки на Владата предводена од СДСМ и во време на пандемија доведоа до раст на просечната плата во Република Северна Македонија.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули оваа година, изнесува 27.867 денари“, велат од СДСМ.

„Просечната плата во држвата, и во услови на кризата предизвикана со пандемијата со коронавирусот е за 8,5 отсто повисока во однос на јули 2019 година.

Од јуни 2017 година, кога на чело на Владата застана СДСМ просечната плата во државата порасна за 4.423 денари.

Заложбите на СДСМ за иновативна, конкурентна економија, која ќе обезбеди стабилен економски раст, како и помош и поддршка за зачувување на работните места, и за фирмите и граѓаните погодените со кризата го поттикнуваат трендот на раст на платите.

СДСМ покажа како вистински и домаќински се работи во интерес на граѓаните, на економијата и така ќе продолжи и во следниот четиригодишен мандат до 20.000 денари минимална плата и 34.000 денари просечна плата“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он