Во рамки на прославата на педесетиот роденден, „Ламборџини“ го претстави единствениот автомобил со само едно седиште и соодветно име – Егоист.
Концептот на секој суперавтомобил е таков да во текот на возењето најмногу задоволства му нуди и дава на оној кој седи зад управувачот. Во „Ламборџини“ токму заради тоа заклучиле дека второто седиште е сосема непотребно и одлучиле да го исфрлат од автомобилот.
„Ламборџини„“ за сега објави неколку технички детали и компјутерски рендери на овој автомобил за чиј изглед е заслужен шефот на дизајнот во „Фолксваген груп“, Валтер де Силва.
Ако Ви се чини дека Егоист по малку ве потсетува на некакво воено „стелт“ возило, тоа е затоа што како инспирација за неговиот дизајн послужи американскиот борбен хеликоптер „Апачи“. Ова посебно се однесува на ентериерот на автомобилот, седиштето, управувачот и командата.
Автомобилот, што е исклучително лесен благодарение на обилната употреба на јаглеродни влакна, погонот го добива од 5.2-литарски В10 мотор, чија сила достигнува до 441 кЊ/600 КС.
Во „Ламборџини“ изјавуваат дека во моментов не планираат сериска верзија на ова необично возило, а повеќе детали и фотографии на концептот Егоист се очекуваат многу скоро.