Опожарена обложувалницата „Мај бет“ во Тетово

Од:

Непознато маскирано лице ноќеска во Тетово подметна пожар во спортската обложувалница „Мај бет“ на улицата „133“. Причинета материјална штета, повредени нема.

Како што информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифорвски во 2 часот и 20 минути маскираното лице насилно ја отворило влезната врата, а потоа од најлонско ќесе што го носело во рацете извадило две пластични шишиња со запалива течност со која ја полило внатрешноста на објектот.

– Огнот брзо се проширил и причинил опожарување на целокупната опрема и инвентарот во обложувалницата. Со интервенција на тетовските пожарникари, кои го пријавиле пожарот, спречени се посериозни последици. Вкупната материјална штета според управителот на објектот Е.Ш.(33) од Тетово се проценува на околу 20 илјади евра, изјави Јосифовски.

Полицијата извршила увид при што биле подигнати две пластични шишиња, крпа и други материјали за вештачење и презема активности за откривање на сторителот.

Ова е втор ваков случај со спортска обложувалница во Тетово за неполн месец, откако на 23 април имаше обид за опожарување на обложувалницата Моцарт но тогаш беше причинета само помала материјална штета бидејќи маскираниот сторител во обид да ги запали шишињата со запалива течност самиот си го опожарил лицето по што избегал.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во Грција: 42 пожарникари, две пешадиски екипи, пет авиони и десет противпожарни возила се на терен

Пожарникар е повреден при гаснење пожар во Визбегово

Пожар избувна во ексклузивен хотел во Доминиканската Република

Горан Наумовски

ЦУК: Повторно се активира пожарот во близина на КПУ Велес – Превалец

Дрон предизвика пожар во складиште за нафта во Русија

Еден активен и еден под контрола меѓу 13 пожари на отворен простор во државата