Османи на средба со генералниот секретар на Регионален совет за соработка, Мајлинда Брегу

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска треба да оствари работна средба со генералниот секретар на Регионален совет за соработка, Мајлинда Брегу како дел од нејзината тура на земјите од регионот.

Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, во првиот дел на посетата, Брегу на средбата со Османи ќе разговара за евроатлантски перспективи на целиот Западен Балкан.

-За време на средбата се очекува да стане збор за иницијативноста и активностите на Советот за регионална соработка за време на кризата предизвикана од пандемијата КОВИД19, а ќе се разговара и за односите со соседите врамени во мултилатералните и регионалните иницијативи. Ќе се разговара за европските перспективи на земјата и регионот, а особен акцент се очекува да се стави на претстојниот Софиски самит во рамки на заедничкото претседателство на Република Северна Македонија и Република Бугарија со Берлинскиот процес, информираат од МНР.

За време на нејзината посета на Република Северна Македонија ќе бидат остварени средби со високи владини претставници.

Би можело да ве интересира

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток