Демонстрантите во Берлин побараа поголема солидарност со мигрантите

Од:

Неколу илјади луѓе денеска во Берлин побараа од германската Влада и Европска Унија повеќе да им помогнат на мигрантите заглавени во блокирани во грчките кампови по пожарот во кампот Морија на островот Лезбос, по што 12.000 луѓе останаа без засолниште.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Имаме место“, „Што уште мора да се случи?“, „Веднаш евакуирајте ја Морија“, „Срам да ти е ЕУ“, „Засолништа, не затвори“ и „Зехофер биди христијанин“, алудирајќи на германскиот минстер за внатрешни работи Хорст Зехофер.

Германската Влада минатата недела соопшти дела ќе прими 1.553 мигранти односно 408 семејства со деца, сега сместени во камповите во Грција.

Европска комисија неделава треба да изнесе нови предлози за миграцијата. ЕУ веќе пет години не успеа да се договори за заедничката политика за азил откако германската канцеларка Ангела Меркел дозволи влез на 1,2 милиони мигранти во Германија.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија