Се дезинфицираат училиштата во Карпош пред почетокот на учебната година

Од:

Од утре ќе се врши дезинфекција на девет основни општински училишта во општина Карпош пред почетокот на учебната година од 1 октомври.

Минатата недела беше целосно дезинфицирано ООУ „Лазо Трповски“ во Карпош 3, а утре дезинфекцијата ќе продолжи во ООУ „Петар Поп Арсов, во Карпош 4, „Аврам Писевски“ во Бардовци и „Христијан Тодоровски Карпош“ во Карпош 1.

Во вторник ќе се дезинфицираат просториите на училиштата „Јан Амос Коменски“ во Тафталиџе 1 и „Братство“ во Тафталиџе 2. Во среда „Војдан Чернодрински„ кај Млечен, како и школото „Владо Тасевски“ во Козле и „Вера Циривири Трена“ во Карпош 2.

Од Општината денеска информираа дека планот е дезинфекцијата да заврши до четврток.

– Општина Карпош спроведува сеопфатна дезинфекција во предучилишните и училишните установи секои шест месеци во годината, а годинава имавме и вонредна дезинфекција во март поради вонредната состојба со пандемијата. Интенција на локалната самоуправа е сите установи безбедно ќе ги пречекаат учениците во новата учебна година и да им обезбеди здрави и хигенски услови за престој и работа, велат од Општината.

Би можело да ве интересира

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе воведам апликација „Мој Карпош“ која ќе биде дигитален сервис за граѓаните за пријавување на проблемите и издавање на потребните документи

Јакимовски најави нови четири занимални во детската градинка „Пролет“ во Влае