Путин: На руското оружје му нема рамно во светот

Од:

Руското оружје е пред странските модели и според некои карактеристики е единствено, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Тој го пофали успехот на руските производители на оружје на седницата на комисијата за воена индустрија.

– Според некои карактеристики, на нашето оружје му нема рамно во светот, тоа е апсолутно очигледно, истакна Путин.

Путин на сите вработени во одбранбениот сектор им го честиташе Денот на производителите на руско оружје, кој се одбележува на 19 септември.

Лани, според официјалните податоци, Русија извезла оружје во вредност од 13 милијарди евра, што е за две милијарди повеќе отколку претходната година.

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран