Средба на Џафери со унгарскиот амбасадор Иштван

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска се сретна со амбасадорот на Република Унгарија во Република Северна Македонија, Лазло Иштван.

На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери го запозна амбасадорот на Унгарија со престојните работни активности на Собранието, како што е разгледувањето на повеќе законски измени наметнати од пандемијата со Ковид-19, потоа активностите поврзани со европската агенда и отворањето на првите поглавја кон крајот на оваа година, а го извести и за заокружувањето на функционалноста на Собранието со формирање на делегациите за мултилатерална соработка и на групите за билатерална соработка.

Амбасадорот Иштван му го честитал реизборот на претседателот Џафери и го поздравил формирањето на Владата и функционалноста на Собранието.

Во соопштението се посочува дека Иштан потврди дека државата ќе продолжи да добива финансиска и економска поддршка од Унгарија, имајќи предвид дека има напредок во оваа сфера, а додаде и дека ќе продолжи со поддршка на планот за справување со мигрантите на јужната граница каде што унгарски полициски офицери патролираат заедно со нашите полициски сили и успешно се справуваат со безбедносните предизвици. На тој начин, Република Северна Македонија, иако не е земја-членка, ја штити надворешната граница на Европската унија, а воедно и придонесува кон регионалната и европската безбедност и стабилност.

Унгарија, истакнал Иштан, целосно се залага за проширувањето на Унијата и дава голема поддршка на отпочнувањето на процесот на преговори на земјата со Европската унија.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители