Македонскиот концепт: Недозволиво е молчење на македонската Влада за манифестот на Бугарија

Од:

„Рамковната позиција и манифестот кон ЕУ на Република Бугарија претставуваат едностран чин на непријателство и суспендирање на илинденскиот договор за пријателство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија. Бугарската политика кон Македонија е воскреснување на живковизмот/болшевизмот во Бугарија, актите кон Брисел се промоција на политиките на стариот СССР кон Балканот, срамно е тоа да го прават бугарски политичари, кои себеси се декларираат како антикомунисти, а во суштина спроведуваат болшевизација наспроти натовизација на Македонија“, е ставот на Македонскиот коцепт.

Тие ја повикуваат бугарската демократска јавност и интелигенција да се кренат против некои бугарски политичари, кои работат за туѓи бели дворови, а против бугарските интереси.

„Сигурни сме дека интеграцијата на Македонија во ЕУ е македонски, но и бугарски национален интерес. Политичарите што тоа го спречуваат работат против македонските и против бугарските интереси. Московското влијание врз бугарската надворешна политика се забележува без особени тешкотии. Се повикуваат македонските безбедносни служби да проверат дали одредени бугарски дипломати и некои бугарски здруженија во земјата работат за руските цивилни и воени служби, со цел да се спречи или забави натовизацијата и европеизацијата на Македонија.

Односите помеѓу двете земји се заложник на мафијата. Ги повикуваме македонското и бугарското јавно обвинителство да проверат дали одредени бугарски политиканти се платени од македонски олигарси да дејствуваат во насока на уцени на македонските државни институции преку овој процес во Брисел, сè со цел овие вторите да се спасат од правен прогон и затвор во Република Македонија! Исто така, да констатирате дали дел од македонската опозиција е финансирана и заложник на овие олигарси и намерно дејствува во насока на влошување на добрососедските односи со цел да се спречи процесот на почнување на пристапните преговори со ЕУ“, се вели во соопштението.

„Ги повикуваме македонските бугараши од земјава и странство да престанат да работат за нивните шефови од УДБА и ДПМНЕ, сега ние сме слободна земја и нема потреба од страв и уцени, особено во насока на спречување на евро-атлантските процеси во Македонија. Редно е да го спознаете ВМРО и да застанете на правата страна на историјата. Од друга страна, ги повикуваме македонските Бугари целосно да се интегрираат во македонското фер општество во кое за секој има еднаква шанса и кое ја изградува Македонија како граѓанска држава на сите Македонци, граѓани на Републиката, без разлика на нивен етнички, верски или политички идентитет. Македонија е ваша мајка, не Бугарија!

Недозволиво е молчење на македонската Влада и владејачкиот СДСМ за ова прашање, особено што тие се потписници на илинденскиот договор. Доколку не заземете став на осуда на едностраниот акт на суспендирање на тој договор, ќе констатираме дека сте заложници на истата таа мафија и одработувате против македонските национални интереси и против европската агенда на Македонија во интерес на трета земја“, додаваат од Македонскиот концепт.

Би можело да ве интересира

И Богојески тврди дека нема бугарски пасош

Ана Ололовска

Богојески: ЕУ и САД да донесат итно решение за спорот помеѓу Македонија и Бугарија наметнат од бугарската страна

Ана Ололовска

Богојески: Ова не е едно општество за сите, ова е општество против сите

Ана Ололовска

Македонски концепт нуди концепт за справување со отпадот во Македонија

(ВИДЕО) Македонски концепт: Ова ни е последна шанса да изградиме нормална држава

А1он

Македонски концепт со конкретни предлози до Владата

Ана Ололовска