(ВИДЕО) Македонски концепт: Ова ни е последна шанса да изградиме нормална држава

Од:

Македонски концепт на овие избори ќе настапи со изборниот слоган Последна Шанса.

„Ова е последна шанса! Последна шанса да ја спроведеме на дело идеологијата на здравиот разум! Последна шанса да живееме во слобода, спокој и солидарност! Последна шанса да изградиме нормална држава со богати граѓани„, изјави Петар Богојески на прес конференцијата одржана како најава за почеток на предизборна кампања.

Македонски концепт има проект за обештетување на граѓаните кои буквално се ограбени последните 30 години. Проектот е дел од „3С – програма 2020“, односно делот за солидарност и се однесува на директно обештетување на граѓаните.

„Наша крајна цел е создавање на нормална држава со богати граѓани. Имаме проект за парично обештетување на секој граѓанин на државата, согласно мерливи критериуми за утврдување на степенот на веќе настанатата индивидуална штета. За таа цел превидуваме потребни средства од 1.5 милијарди евра во рок од 5 години. Граѓаните поднесоа многу неправди, високи трошоци, кои се одразија со жртви и загуба во квалитетот на живеење. Транзицијата уништи многу семејства и човечки судбини! Тоа не е од денес или вчера, тоа не е за време на оваа или онаа Влада, туку за цело време на досегашниот, предолг транзициски период, од осамостојувањето на Македонија до денес. Само преку правична распределба на богатството во земјава, ќе исчезне горчливото чувство на неправичност кај секој од нас и антагонизмот помеѓу богатите и сиромашните! Од тоа интерес ќе имаат и едните и другите. Со тоа ќе постигнеме внатрешен мир и чувство на правичност, со цел да се намали оваа опасна тензија во општеството!“, додаде Богојески.

Македонски концепт е на избирачката листа под број 10 и е создаден од интелектуалци и граѓани кои досега не биле политички активни, а сакаат со своето искуство и знаење да помогнат.

„Време е за нови политички лица, и време е државата да се врати во рацете на граѓаните. Политичарите да бидат слуги на граѓаните, а не обратно. Ова ни е последна шанса да ставиме крај на досегашните политики“, смета претседателот на Македонски концепт.

Би можело да ве интересира

И Богојески тврди дека нема бугарски пасош

Ана Ололовска

Богојески: ЕУ и САД да донесат итно решение за спорот помеѓу Македонија и Бугарија наметнат од бугарската страна

Ана Ололовска

Богојески: Ова не е едно општество за сите, ова е општество против сите

Ана Ололовска

Македонскиот концепт: Недозволиво е молчење на македонската Влада за манифестот на Бугарија

Ана Ололовска

Македонски концепт нуди концепт за справување со отпадот во Македонија

Македонски концепт со конкретни предлози до Владата

Ана Ололовска