Обвинителство: Нема постапка против Мицкоски за „Теретана“, на снимките не го забележавме лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје, по извршени детални проверки, реши дека нема место за постапување во случајот „Теретана,“ кој беше отворен откако беа објавени видеа на кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, наводно посетува фитнес-центар додека овие објекти беа затворени со одлука на Владата.

„Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредби за обезбедување на видео записите и за вештачење на ДВР-уредите на кои се сочувани видео записите од безбедносните камери во фитнес студиото. Во исто време, во својство на сведоци беа испитани повеќе лица. Предмет на анализа беше целокупниот материјал кој што беше обезбеден и доставен од страна на СВР Скопје, а беше одземен од деловниот субјект во критичниот период“, соопшти Обвинителството.

Притоа, на прибавените снимки не биле зaбележани ниту посочените, ниту други лица да ги користат услугите на фитнес – центарот спротивно на донесените забрани.

Од вештачењето на ДВР-уредите произлегло дека видео записите не биле манипулирани, односно беше потврден интегритетот на податоците на доставените уреди.

„Дополнително, надлежниот јавен обвинител ја прибави и документацијата од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР кои спровеле постапка во однос на наводите за присуство на полициски службеници во фитнес центарот, спротивно на мерките за спречување на пандемијата. По проучување и анализа на целокупниот материјал, јавниот обвинител утврди дека во конкретниот случај не постои основано сомневање дека е извршено кривично дело кое се гони по службена должност.“, соопшти скопското обвинителството.

Во април на Интернет беа објавени видеа на кои се гледа како Мицкоски оди во теретана и се тврдеше дека се направени за време додека траеше забраната за работа на теретаните. Тој тврдеше дека снимката е стара шест месеци.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Михаилова е нелегално пренесена во Бугарија, кога-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ

На Михаилова и беа одземени две патни исправи, а имаше и забрана за преминување на граница со лична карта, извести Обвинителството

Горан Наумовски

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Предраг Петровиќ

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?