Германија има корист од бугарските и романските имигранти

Од:

Германскиот министер за труд Урсула фон дер Лајен смета дека масовната имиграција на романски и бугарски работници е добредојдена за земјата, пишува романскиот весник „Адервул“, пренесувајќи го интервјуто на Лајен за германскиот весник „Билд ам зонтаг“.

– Ако сумираме, резултатот е дека ние добиваме од доаѓањето на Романците и Бугарите, изјави таа, додавајќи дека околу 100.000 Романци и Бугари досега се регистрирани како невработени, а околу 120.000 имигранти од тие земји се регистрирани како службеници кои плаќаат социјално осигурување.

Запрашана за големината на проблемот со евентуалната миграција на сиромаштијата од Романија и Бугарија, Фон дер Лајен рече дека во определени градови може да се појават такви проблеми, и точно затоа се поставени основите на работна група, која ќе бара решенија.

– Сепак, бројот на романските и бугарските невработени е помал од оној на останатите странци, истакна таа.

Германската министерка посочи оти се надева дека во наредните две години нивото на работна ангажираност меѓу младите под 25 години во Германија да се зголеми до сто проценти.

Би можело да ве интересира

Германската крајна десница АфД е на второ место на анкетите, една недела пред европските избори

A1on

ВИДЕО: И пукал во глава на бремената сопруга, потоа ранил уште тројца – хорор во Германија

ВИДЕО: Поплави во Германија, жители на баварски град евакуирани со хеликоптер

Од денеска Македонците полесно до работа во Германија

ВИДЕО: Политичар и полицаец избодени со нож во Германија

Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Катерина Ѓуровски