Кога Џејкоб Барнет бил на двегодишна возраст, лекарите констатирале дијагноза на умерен аутизам.
Тие на родителите им објасниле дека нивното дете никогаш нема да може да зборува, чита ниту пак да ги извршува секојдневните активност, но најверојатно се работело за грешка.
Бернет денес има 14 години и е студент на мастер студии, а цел му е да ја одбрани докторската дисертација на тема квантна физика.
Овој тинејџер има коефициент на интелигенција 170, а откако ги запишал студиите на Универзитетот во Индијана во десетата година од животот, според зборовите на неговите родители станал многу успешен.
Според извештајот на магазинот „Тајм“, тој не само што е поинтелигентен од Ајнштајн, туку постои можност еден ден да ја избрише и неговата теорија за релативитет.
Освен обврските околу студиите Барнет, кој има Аспергеров синдром, исто така е претприемач и писател.
Тој со своите родители е основач на хуманитарната организација„Јacob’s Place“, која има за цел да ја подигне свеста кај луѓето и да ги поттикне предрасудите за аутизмот.
Елена Георгиевска