Астронаутите од НАСА ја заменија пумпата, за која постоеше сомневање дека е извор на истекувањето на амонијак на Меѓународната вселенска станица.
Иако и натаму се набљудува работата на пумпата преку инструменти, првичните показатели се позитивни.
Екипажот на МВС на 9 мај забележа честички амонијак како истекуваат од системот за ладење на левата страна на станицата. Течниот амонијак е клучно средство за ладење на електронските системи, кои ја напојуваа станицата.
Планот беше да се промени пумпата за време на „вселената прошетка“, бидејќи најверојатна причина за истекување е дефект на пумпата.
НАСА тврди дека екипажот не бил изложен на опасност и оти пумпата за течен амонијак во тој дел од системот е исклучена.
Ова не е прв пат екипажот на МВС да мора да замине во „прошетка во Вселената“ за да поправи некој дефект. Минатата година Сунита Вилијамс и Акико Хошиди проштетаа во вселената за да го решат проблемот со истекувањето во системот за ладење.