Во Градско ќе се гради црква „Свети Апостол Павле“

Од:

На површина од 350 квадрати во центарот на Градско, кај просториите на старата општина, наскоро треба да биде поставен камен темелник на нова црква која ќе го носи името на Свети Апостол Павле.

Како што велат од Иницијативниот одбор за градба поставувањето на камен темелник за црква во Градско ќе зависи од собирањето на парични средства од донатори.

Тие со благослов и подршка на Епархијата Повардарска со седиште во Велес, а во чии рамки ќе биде изградена оваа православна црква и од митрополитот Повардарски Агатангел ги повикуваат сите што имаат можност да донираат за изградба на црква во Градско.

Повик за донација за изградба на нов црковен храм „Свети Апостол Павле” во Градско.

Вашата ценета финансиска помош можете да ја донирата на ж-с-ка 200003392508062 Стопанска банка „За изградба на храм Св.ап.Павле” – Градско

-Ви благодариме, Господ Исус Христос,Неговата Света Мајка Богородица и светиот апостол Павле нека ги наградат и благословат сите дарители,градители,обновители и украсители на Божјите светилишта, порача митрополитот Повардарски Агатангел.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите