Проштална средба на Џафери со италијанскиот амбасадор Ромео

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска имаше проштална средба со амбасадорот на Италија во земјава Карло Ромео.

Како што соопшти собраниската Прес-служба, Џафери на средбата ги потенцираше исклучителните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Италија и особено високо ја оцени силната, искрена и пријателска поддршка што Италија и ја пружи на земјава во добивањето датум за преговори со Европската унија.

Од несомнено значење, како што се наведува во соопштенеито, е и италијанската поддршка на земјата во Јадранско-Јонската иницијатива, а на планот на НАТО, и во пристапниот процес, и сега како сојузници, бележиме важна и конструктивна соработка, особено во СИБРИГ и Мисијата УНИФИЛ која е под италијанско водство.

Џафери го запозна амбасадорот со претстојните работни активности на Собранието, како што е разгледувањето на повеќе законски измени наметнати од пандемијата со Ковид-19, потоа активностите поврзани со европската агенда и отворањето на првите поглавја кон крајот на оваа година. Покрај тоа, го извести и за заокружувањето на функционалноста на Собранието со формирање на делегациите за мултилатерална соработка и на групите за билатерална соработка. Со тоа, ќе се продолжи на реализацијата на најавените посети од двете страни, кои беа прекинати поради пандемијата, и ќе се покаже посветеноста во одржувањето на континуирана и интензивна соработка.

Амбасадорот Ромео му го честиташе реизборот на претседателот Џафери, го поздрави формирањето на Владата и функционалноста на Собранието и изрази очекување дека во претстојниот период Република Северна Македонија, како и сите други држави, ќе работи на зајакнување на економијата, како и на планот на обезбедување соодветна здравствена заштита на населението од Ковид-19. Се очекува засилена работа на државните институции на европската агенда, со испорачани реформи на кои Европската унија им придава големо значење во пресрет на отворањето на првите поглавја, особено на реформите во борбата против корупцијата, реформите во правосудството и владеењето на правото.

Соговорниците, како што се наведува, разменија мислења и за развојот на економската соработка, со особен акцент на планот на привлекување на поголем обем италијански инвестиции, трговска и стопанска соработка, продлабочување на меѓупарламентарната соработка и споделување на заедничките искуства од надворешната политика и парламентарната дипломатија.

Во име на Собранието и во духот на одличната соработка со Италијанската амбасада во Скопје, претседателот Џафери на амбасадорот Ромео му врачи пригоден подарок и Признание за исклучителниот ангажман.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители