Германски полицајци привремено отстранети од работа поради ултрадесничарска пропаганда

Од:

Во германската провинција Северна Рајна – Вестфалија 29 полицајци се привремено отстранети од работа поради ултрадесничарска пропаганда.

На нивните мобилни телефони биле пронајдени фотографии од Адолф Хитлер, како и од гасни комори.

Полицајците се обвинети дека посетувале ултрадесничарски сајтови, на кои се споделуваат екстремистички содржини како свастики и други нацистички симболи забранети според германскиот Устав.

Германската полиција при вчерашниот претрес на 34 полициски станови и домови во Северна Рајна – Вестфалија открила вкупно 126 фајлови со криминална содржина, што се споделувале во пет групи на „ВацАп“. Една од тие групи постои од 2012 година, а другите што биле користени за размена на фајловви постојат од 2015 година.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија