Викендов ќе се трча најдолгиот 107-километарски „Охрид Ултра Трејл“ маратон

Од:

Во Охрид и на падините на планината Галичица викендов ќе се одржи најдолгата маратонска планинска трка во рамки на второто издание на „Охрид Ултра Трејл“ манифестацијата. Покрај трките „Летница“ на 18 и „Галичица Ултра“ на 66 километри, најподготвените тркачи ќе ја тестираат својата физичка и ментална подготвеност на „Охрид Ултра Трејл“ трката во должина од 107 километри.

Трасите на трите трки се изготвени од страна на Здруженијата „ТРЕКС“ од Скопје и „Спорт за сите – сите за спорт“ од Охрид, по сите безбедносни критериуми според ITRA (International Trail Running Association).

Стартот на трката на 107 километри е закажан за утре во 23 часот од Градскиот плоштад во Охрид. Тркачите потоа одат низ Стариот дел на градот, потоа се спуштаат на градскиот Кеј, по што следува нивно искажување на падните на Галичица кон Велестов. Трасата води кон Горно Коњско, Елшани, Трпејчко поле и Трпејца. Стигнуваат во Свети Наум, каде се приклучуваат трасата од трката на 66 километри. Поминуваат на изворите од реката Црни Дрим, се движат по реката Черава и македонско-албанска граница од каде се упатуваат кон Љубаништа. Од таму во дијагонала трчаат на кај Зли Дол и скршнуваат кон Стара Галичица движејки се низ букова и дабова шума. Откако ќе излезат од шумата трчаат по патот од Прватата светска војна и преку Магаро се спуштаат во планинарска куќа на превојот. Потоа се качуваат на Лако Сигној и Бугарска чука, а слегуваат на Горно Студино и се движат кон Асанџура каде има контролна точка. Во месноста Летница учесниците од „Летница Треил“ и „Галичица Ултра“ ќе се сретнат и ќе можат заедно да трчаат. Потоа се спуштаат и низ Велестово доаѓаат до со траса преку Стариот дел на градот низ падините на Галичица.

Долж трасата на трката ќе бидат поставени 12 освежителни пункта со присуство на медицински екипи и спасители на планина. Финишот на трката е на Градскиот плоштад, со очекување првите тркачи да стигнат на целта некаде 13 часа по стартот. Најавено е учество на педесеттина учесници од неколку држави.

Учесниците на најдолгата трка практично преку избраната траса ќе можат да ги видат сите сите убавини што ги нудат Охрид, Галичица и крајбрежјето на Охридското Езеро. Манифестацијата покрај поттикнување на спортот и одржувањето здрави животни навики е осмислена и во насока на спортска и туристичка промоција и афирмација на Охрид и планината Галичица.

Слични планински трки веќе се одржуваат и во Прилеп, Скопје, Штип, Водно-Матка и на Шар Планина.

Би можело да ве интересира

Во Крушево маратонците и обожавателите одбележаа 17 години без Тоше Проески

Падна олимпискиот рекорд во маратонот во Париз

Горан Наумовски

Загина светскиот рекордер Келвин Киптум

Кениецот Едвин Кипту е победник на маратонот во Атина

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

(ВИДЕО) Невидена грешка и остана без 7000 долари: Наместо на целта, тргна кон полицијата

Предраг Петровиќ