Османи ќе се сретне со шефот на албанската дипломатија Цакај

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе има билатерална средба со овластениот министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија Гент Цакај, кој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Како што соопшти МНР, главни теми на средбата се очекува да бидат соработката меѓу Северна Македонија и Албанија во остварувањето на заедничките стратешки цели за членство во Европската унија, состојбата со билатералните односи и можностите за понатамошната соработка и нивно унапредување, соработката во НАТО, состојбите со актуелната глобална здравствена криза и други прашања од заеднички интерес и значајни за нашиот Регион.

За време на официјалната посета, министерот Цакај ќе биде примен и од претседателот на Собранието Талат Џафери, од претседателот на Владата на Зоран Заев и од други високи претставници на државата.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија