Скоро две третини од младите Американци не знаат дека шест милиони Евреи загинале во Холокаустот

Од:

Речиси две третини од Американците на возраст од 18 до 39 години не знаат за смртта на милиони Евреи во Втората светска војна, а еден од десет верува дека Евреите го предизвикале Холокаустот, покажува ново истражување.

Речиси половина од испитаниците на оваа возраст (48 отсто), не знаеле да го кажат името на ниту еден концентрационен камп, камп на смртта или гето.

Речиси една четвртина од испитаните млади Американци веруваат дека Холокаустот е мит, дека тој се преувеличува или дека не се сигурни. Приближно еден од осум испитаници изјавил дека дефинитивно нема слушнато за масовниот прогон на Евреите од страна на нацистичка Германија и нејзините сојузници.

„Резултатите се и шокантни и тажни, и тие нагласуваат зошто мораме да делуваме сега, додека се живи некои од луѓето што го преживеале Холокаустот и можат директно да ни ги пренесат нивните приказни,“ изјави Гидеон Тејлор, претседател на еврејската организација Claims Conference, која го нарача истражувањето.

„Мора да разбереме зошто добро не ја едуцираме младата генерација за Холокаустот и за лекциите од минатото. Ова треба да биде повик за будење за сите нас, но и показател за тоа каде треба властите да делуваат,“ додава тој.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски