Путин самиот ќе каже дали и кога ќе ја прими вакцината против Ковид-19

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин самиот ќе соопшти дали и кога сака да прими вакцина за коронавирус, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-Самиот ќе информира дали и кога сака да се вакцинира, рече Песков.

Руските медиуми потсетуваат дека во август во Русија беше регистрирана првата вакцина против коронавирусот, што беше тестирана врз доброволци во јуни и јули. Првата серија на вакцината беше пуштена во употреба минатата недела.

Вакцината го доби името „Спутник-В“. Рускиот претседател претходно најави дека втора, одделно развиена руска вакцина ќе биде регистрирана овој месец.

Би можело да ве интересира

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Одмазда за масакрот во Суми: Украина ја уништи руската ракетна бригада во регионот Курск

Фондациите на Елтон Џон се додадени на листата на непожелни организации во Русија

Мајка со секира си ги уби трите деца

А1он

ФСБ уапси молдавски државјанин кој планирал бомбашки напади во Русија