Со Мавровка, Владата покажа цврста одлучност и треба така да продолжи, смета Николовски

Од:

Со уривањето на дивоградбата кај Мавровка Владата покажа цврста намера, одлучност и решеност од самиот почеток, и сметам дека во тој контекст треба да продолжиме да ја покажеме таа неселективност и подготвеност да ги доведеме работите во ред и да нема исклучок за никого, изјави на денешната прес-конференција вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Кога треба да се уриваат објекти, посочи Николовски, постојано нешто фали кај нас и не може општината или нема буџет, се судираат надлежности или паѓаат тендери.

– Се случуваат разно разни манипулации се со цел да се избегне правдата или решението, кое во случајот со Мавровка го видовме од старт и на кое што лично инсистирав од самиот почеток на формирање на Владата и сметам дека во тој контекст треба да продолжиме да ја покажеме таа неселективност и подготвеност без оглед за што станува збор работите да ги доведеме во ред и да нема исклучок за никого, изајви Николовски.

Тој посочи дека учествувал во преговорите за коалицискиот договор во рамки на Владата и дека во текот на летото било разговарано многу детално и темелно за сите теми кои се дел од коалицискиот договор, вклучително и спојувањето на институциите.

– Тоа ќе го надгледувам и за тоа имам мандат, за спојувањето и рационализацијата на институциите, изјави Николовски.

Проектите кои ги има Министерството за информатичко општество и администрација, нагласи тој, предвидуваат намалување на инспекторатите од 23 на 13 и тоа ќе го имплементираат во овој мандат.

Би можело да ве интересира

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и казнување на сторителите

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

Зелен хуман град: Зошто постои МВР?

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот