Првиот автомобил на Џон Ленон, ферари 330 ГТ од 1965 година ќе биде ставен на аукција во Англија на 12 јули и може да достигне цена до 220 илјади фунти, соопшти компанијата Бонамс, која е организатор на аукцијата.
Познатиот член на „Битлси“ го купил синото ферари во 1965 година, во периодот кога ливерпулската група го објави хит синглот „Ticket to Ride“.
Ленон, кој тогаш имал 24 години, го купил автомобилот за 6.500 фунти и го возел три години, пред да го продаде.
Ферарито е во оригиналната боја и со оригиналните регистарски таблички.