Мозокот на космонаутите се менува во Вселената

Од:

Мозокот на астронаутите кои престојуваат на Меѓународната вселенска станица (МВС) поминува низ промени и се приспособува на вселенските услови, велат руски научници.

Се работи за новиот научен труд на Елена Томиловскаја – истражувач на Институтот за медицински и биолошки прашања при Руската академија на науките. Во него, се вели дека истражувањата врз 11 руски астронаути покажуваат дека за време на нивниот престој на МВС, содржината на нивната сива материја во мозокот се намалила, додека обемот на бела материја и нивната ’рбетно-мозочна течност се зголемиле.

Од 2013 година, руската вселенска агенција Роскосмос заедно со Европската вселенска агенција, спроведуваат експерименти за проучување на мозокот на астронаутите.

– Откриено е зголемување на белата маса во деловите поврзани со контролата на движењето, рамнотежата и положбата на телото. Ова се должи на фактот дека мозокот мора да се прилагоди и да развие нови стратегии за бестежинската состојба во просторот. Потребна е поинаква моторна контрола во тие усллови, бидејќи во Земјината Орбита начинот на движење е сосема поинаков и тоа повеќе личи на пливање, појаснува Томиловскаја.

Тој процес, сепак, не е неповратен. Меѓу шест и седум месеци по нивното враќање на Земјата, космонаутите си го враќаат првичниот волумен на сива материја. Ова говори и за фактот дека во вселенски услови нема забрзано умртвување на нервните клетки.

– Тоа е повеќе како задебелување на сивата материја како резултат на зголемениот волумен на ’рбетно-мозочната течност, вели Томиловскаја.

Во орбитата, како што посочуваат истражувањата, луѓето можат да издржат поголеми мозочно-умствени оптоварувања во различни ситуации и состојби.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ