Трамп: САД со одговор „100 пати посилен“ доколку Иран се одмазди

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп нагласи дека секој напад од Иран би бил со одговор „1000 пати поголем“, по извештаите дека Иран планира да се одмазди за убиството на генералот Касим Сулејмани.

Во извештаи на американските медиуми, кои цитираат неименувани официјални лица, се вели дека наводниот ирански заговор за убиство на американскиот амбасадор во Јужна Африка бил планиран пред претседателските избори во ноември.

„Според извештаите во печатот, Иран можно е да планира атентат, или друг напад, против САД како одмазда за убиството на лидерот на терористите Сулејмани“, објави Трамп на Твитер.

„Секој напад од Иран, во која било форма, против САД ќе биде пресретнат со напад врз Иран што ќе биде 1.000 пати поголем!“

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот