Со бриселскиот договорот Србија не признава независност на Косово, а тој Косово практично го дели на албански и српски дел, пишува Њујорк Тајмс.
Во авторскиот текст професорот од Колумбија унивезитетот, Дејвид Филипс, оценува дека Србија со овој договорот ќе продолжи да има улога на заштитнички интерес за Србите на северот на Косово.
-Со тоа Косово се дели на албански и српски дел наведе Филипс, кој смета дека на тој начин се потврдува насилната националистичка агенда на Слободан Милошевиќ во Србија.
Според него и бриселскиот договор ги храбри аспирациите на Албанците од Косово, Албанија, Македонија и Црна Гора, кои сакаат Голема Албанија.
Филипс кој е и програмски директор на Институтот за истражување на човекови права во Њујорк и автор на повеќе книги за постконфликтни општества, смета дека бриселскиот договор нема да го помири српскиот и албанскиот народ, ниту пак ќе помогне во европските интеграции.
Тој вели дека е потребно на Балканот да се најде договор, кој би бил нешто како поделба на моноетнички мини држави и една голема држава.
Професорот смета дека членството во ЕУ треба да биде мамка за надминување на напријателството на просторот на поранешна Југославија, но вели дека до тоа не дојде.
Според него освен Словенија која веќе е членка и Хрватска која ќе стане во јуни, останатите држави не се ни блузу до исполнување на условите за членство во ЕУ.
Елена Георгиевска