Дипломатски притисок од Брисел и Вашингтон врз Приштина

Од:

Приштина е под силен дипломатски притисок од Вашингтон и Брисел, со цел што побрзо да се одмрзнат разговорите околу планираната примена на Бриселскиот договор, пишува денеска „Вечерње новости“.

Доколку тимовите на двете земји кои преговараат за чекорите и роковите за имплементација на договореното не дојдат до комромис, наведува весникот, последната шанса да се расплете „Гордиевиот јазол“ ќе биде 21 мај, кога во Брисел треба да се сретнат српскиот премиер Ивица Дачиќ и премиерот на Косово Хашим Тачи.

Како што наведува весникот, Приштина бара прво да се изгаснат постоечките институции на Србија на Косово, па дури тогаш да се тргне во формирање на Заедница на српски општини.

Идејата на албанските власти на Косово е во тој вакум, на мала врата во српските средини да се „уфрлат“ инстутициите на Приштина, што Белград нема да дозволи, пишува весникот.

Шефот на делегацијата на ЕУ во Белград Венсан Дежер вели дека во Брисел се свесни дека ќе биде тешко во наредните недели да се заокружат сите точки од Бриселскиот договор, пренесува весникот.

Тој истакнува дека ЕУ на Белград и Приштина им поставила три клучни услови: да се усогласат околу прецизни чекори и рокови за имплементација, да се постигне договор околу електричната енергија и телекомуникациите и барем да започне примена на одделни делови од договорот.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина