Полицијата на Венецуела на територијата на својата држава Баринас го приведе лидерот на колумбискиот нарко-картел „Лос Урабенјос“, Хилард де Хесус Ескаланте, соопшти началникот на службата за борба против наркотици, Нестор Реверол.
Тој наведе дека Интерпол имал распишана потерница за Ескаланте поради трговија со дрога и други кривични дела.
И Претседателот на Колумбија Хуан Мануел Сантос го имаше ставено Ескаланте на списокот за најбарани криминалци , за чие притворање распиша награда од 200 милиони пезои или околу 125.000 долари.
Колумбиските медиуми известија и дека тој сам им се предал на властите.
Елена Георгиевска