Излета возило на автопатот Скопје – Штип, тројца повредени

Од:

Вчера во 17.00 часот било пријавено дека на сервисна улица која регионалниот пат Скопје-Свети Николе го поврзува со автопатот Скопје-Штип патничко моторно возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 66-годишниот Т.А. од Штип излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Т.А., а со телесни повреди се здобиле двајца сопатници М.С. на 71-годишна возраст и Ц.С. на 70 години од Штип, кои се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски