Заев не кажува имиња на замениците-министри, очекува идната недела пратениците да ги изгласаат

Од:

Се утврдуваат имињата на замениците-министри, кои ќе бидат партиски предлози на СДСМ и коалиционите партнери, соопшти премиерот Зоран Заев, и дополни дека во тек се интервјуа со сите кои се потенцијални кандидати за тие места. Тој не соопшти имиња за ниту еден од ресорите, објаснувајќи дека не се утврдени до крај, заедно со неговите партнери. Предлогот со заменици-министри на гласање пред пратениците, очекува да стаса идната недела.

„Постапката за утврдување на имињата е во тек, на самиот крај сме. Парламентот ги оформи своите помошни тела, комисиите се веќе избрани за да може понатаму да се димензионираат седниците во Парламентот. Знаете дека имавме пратеник кој што од здравствени причини не беше присутен. Тој е вратен на работа. Имаме пратеник чиј мандат треба да се верифицира. Овие се две активности кои треба да се случат денес. Ако се случај, јас сум подготвен утре, задутре, да ги дадам предлозите на заменици министри во Собранието, а потоа, најверојатно, после 20 ќе одлучи да ги стави на дневен ред за да можат пратениците да ги прочитаат CV, биографиите и слично. Не можам да кажам имиња, бидејќи не сум ги утврдил до крај со партнерите. Дел од партнерите кои ги имаат позициите во заменичките места, соопштија одредени имиња. Јас како мандатор не сум до крај подготвен, бидејќи се уште правам интервјуа со кандидатите, како потенцијални заменици министри. Верувам дека ќе завршам некаде до утре, порано, за да можам да ги соопштам во јавноста и да ги доставам до Собранието“, рече Заев.

Демократската унија за интеграција ќе предложи заменици во пет министерства и пет државни секретари, соопшти вчера, вицепремиерот Артан Груби.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот