Citroen ќе го замени застарениот седан C4 Pallas со C4L за пазарот во Бразил.
Моделот ќе се составува во соседна Аргентина, а практично е идентичен со верзиите за Кина и Русија.
Со должина од 4,43 метри C4L е значително покомпактен од својот претходник.
За сметка на тоа, седанот користи доста современа визија, квалитетни материјали и добри решенија во внатрешноста. Продажбата за Бразил и Аргентина започнува во јуни оваа година.