Џошуа Вилиамс, оваа сабота во друштво на неговите колеги ќе дипломира на Bethune-Cookman Универзитетот во Дајтона. Сепак, она што го прави овој 23-годишен различен од своите колеги е неговата приказна за тоа како тој стана еден од најдобрите студенти на факултетот каде што студираше.
Всушност, првите три години за време на студиите Џошуа беше бездомник. Вилијамс израснал во Мајами, каде што бил опкружен со секојдневно насилство и криминал. Пред две години неговиот 16-годишен брат беше пронајден мртов, но тоа не го спречи овој млад човек кој, и покрај сите тешкотии, и благодарение на помошта на еден од професорите, успеа да се запише на факултет.
Сепак, среќата наскоро се претворила во нова загриженост откако дознал дека за секој семестар треба да плати 10.000 долари, пари кои ги немал.
За да ги намали трошоците, Џошуа ја лажел администрацијата, за тоа дека успеал да најде сместување надвор од кампусот и на тој начин штедел за сместување. Сепак, првите две години на Џошуа спиел во отклучени возила и понекогаш кај неговите пријатели, а бидејќи не можел да си купи книги, сам си ги средувал како скрипти.
-Бев постојано загрижен. Каде ќе спијам? Колку може да останам овде? Кога ќе ми испрати пари моето семејство? – вели Џошуа.
Кон крајот на студите еден од неговите советници открил дека е бездомник, и му помогнал околу сместувањето. Минатата пролет, Вилијамс е прогласен за “г-дин Bethune-Cookman универзитет,” а таа титула му обезбедила безбедно сместување за последната година од студиите.
Исто така, треба да се спомене дека ја формирал организацијата “Keep pf Light”, која им помага на сиромашните студентите со потребните ресурси за купување на литература и учебници.