Приведени 26 танчерки кои работеле во угостителски објект во Тетово

Од:

При акциска контрола од полициски службеници од СВР Тетово, синоќа во период од 22:30 до 02:00 часот, во угостителски објект покрај автопатот на стариот пат Тетово – Скопје биле затекнати 26 женски лица кои работеле како танчерки. Како што соопшти МВР, тие биле приведени.

Две од нив се државјанки на РСМ, а 24 странски државјанки, тоа пет од Русија, седум од Украина, седум од Албанија, три од Србија и по една од Молдавија и Босна и Херцеговина.

Од МВР посочуваат дека кај едно женско лице од Р.Албанија – танчерка била пронајдена марихуана, а кај А.А.(28) од с.Радуша-скопско бил пронајден нож. Сопственикот на објектот М.А. (68) е повикан во Полициската станица Тетово, се наведува во соопштението на МВР.

-Во угостителски објект во с.Жеровјане-тетовско бил приведен С.А.(25) од Прешево-Р.Србија поради нерегилиран престој во РСМ и во угостителски објект во с.Горно Седларце-тетовско приведени биле Г.Ќ.(28) и Р.О.(22) од Р.Албанија поради нерегулиран престој, се наведува во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Дел од медицинските лица во Тетово излегуваат на улица поради нерешен работен статус

Горан Наумовски

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја

Полицијата уапси девет девојки од Колумбија кои биле во кафеана во гостиварското село Добридол

Горан Наумовски

Тело на мртов маж од Тетово е пројдено во семејното возило, полицијата истражува дали е убиство или самоубиство

Горан Наумовски