Бахреин е последната во низата арапски држави што се согласи да ги нормализира односите со Израел, како дел од пошироката дипломатска кампања на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација за целосно интегрирање на еврејската држава во Блискиот Исток.
Трамп денеска го најави договорот по телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и кралот на Бахреин Хамад бин Иса Ил Калифа.
Тројцата лидери издадоа и куса заедничка изјава со која го потврдија договорот.