Најновата генерација на моделот „Мазда 3“ до крајот на 2013 или почетокот на 2014 година ќе треба да го замени постојниот модел, наведуваат од компанијата.
Првите фотографии на тест прототипот и патентните цртежи навестуваат дека новата „тројка“ ќе има дизајн карактеристичен за најновата генерација на возилата на „Мазда“, што ги предводат моделите „CX-5“ и „Мазда 6“.
Што ќе биде ново во внатрешноста на идната „Мазда 3“ ? Врз основа на фотографиите што се појавија на интернет, се гледа дека ентериерот е целосно редизајниран во однос на се уште актуелниот модел.
Централната конзола е поедноставена. Контролите на клима уредот се слични како кај старата „Мазде 3“, а вентилациските отвори се обликувани слично на оние кај новата „Мазди 6“ и моделот „CX-5“.
Меѓутоа, за разлика од овие два автомобила, кај кои екранот на мултимедијалниот уред е вграден во конзолата, кај новата „тројка“ тој е поставен издвоено, на самиот врв на конзолата, слично како кај новите модели на „Мерцедес“.
Управувачот и рачната запирачка се дизајнирани како на новата „шестка“, а инструмент таблата има нешто поинаков изглед. Во средината и натаму се наоѓаат брзиномерот со кружен облик, додека двата странични индикатори се со трапезоидни рамки.
Тест прототипот има и современо стартување на моторот, без контакт клуч.
Според сите досега достапните информации, се претпоставува дека новата „Мазда 3“ ќе има премиера на Саемот на автомобили во Франкфурт 2013