Град Скопје започна со реконструкција на улицата „Никола Карев“

Од:

Град Скопје денеска започна со реконструкција на улицата „Никола Карев“, на потегот од крстосницата со „Трета Македонска бригада“ до булеварот „Кузман Јосифовски Питу“. Вредноста на проектот изнесува околу 15 милиони денари, а рокот на изведба е 30 календарски денови.

– Како улица која се наоѓа во граничниот дел меѓу општините Центар и Аеродром најмногу е искористувана од страна на жителите на овие две општини, но по изградбата на улица „Есенинова“ која ја започнавме минатата недела, оваа улица заедно со „Есенинова“ и „Беласица“ речиси праволиниски ќе ги поврзува Кисела Вода и Гази Баба. На тој начин движењето од Рампа до Континентал ќе биде скратено за нешто повеќе од 10тина минути, наведе градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Тој посочи дека ќе биде извршена целосна реконструкција на коловозот и тротоарите со замена на оштетените рабници и нивелација на постојните шахти и сливници во вкупна должина на трасата од 510 метри.

– Дополнително предвидени се и велосипедски патеки од двете страни на улицата, со што ќе бидат поврзани двете главни велосипедски рути на булеварот „К .Ј. Питу“ и булеварот „3-та Македонска бригада“, кои ги поврзуваат општините Центар и Аеродром, истакна Шилегов.

Градоначалникот на Град Скопје изрази очекување, „Никола Карев“, како и сите останати улици да биде завршана и порано од предвидениот рок.

Тој упати апел до граѓаните за малку трпение додека траат реконструкциите и целосно почитување на времениот сообраќаен режим кој гарантира максимална безбедност на сите учесници во сообраќајот.

– Одржливата урбана мобилност останува наш врвен приоритет во сообраќајот, а тоа разбира развиена улична мрежа со оптимален број на пешачки и велосипедски патики, развиен јавен транспорт и повисоко ниво на сообраќана култура, заклучи Шилегов.

Би можело да ве интересира

Зелен хуман град: Зошто постои МВР?

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје осудува секаков вид на насилство, притисоци и закани

Предраг Петровиќ

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Град Скопје: Во сабота и недела ќе се реализира авионска дезинсекција против комарци

Арсовска достави документи за 20 случаи за легализирани дивоградби во Чаир до Обвинителството за организиран криминал

Катерина Ѓуровски

Град Скопје: Фирма затекната при вршење нелегални активности, правење дива депонија со градежен и опасен отпад