ДС: Софија да ги почитува европските вредности, а не да уценува

Од:

Демократскиот сојуз смета дека ставот на потпретседателот на бугарската влада, Красимир Каракачанов, дека Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите за членство на РС Македонија во ЕУ, што треба да се случи до крајот на оваа година, доколку комисијата за историски прашања дотогаш не изнајде решение за спорните прашања, не е во духот на Договорот за добрососедство и пријателство меѓу двете земји ниту пак во духот на европските вредности и стандарди.

„Меѓувладината комисија треба да се остави да работи без политички притисоци, а уцените за брзи резултати и попуштање од македонска страна за историјата и споредбите со нашите компромиси со Грција за знамето и за името се непримерни и неприфатливи.

Демократскиот сојуз верува дека изнаоѓањето заеднички јазик за она што го спори официјална Софија е можно само доколку толкувањата на историските факти се ослободат од политичките митологии и шовинизми во соседна Бугарија за непостоењето на македонскиот јазик и идентитет низ историјата и ексклузивното присвојување на личностите важни за Македонија од бугарска страна. Гоце Делчев е апостолот на македонското револуционерно движење а неговиот изворен идентитет е борбата за ослободување на Македонија од османлиското ропство. Историските околности на непостоење македонска држава се до крајот на Втората светска војна, некоректно и ненаучно е да се користат за негирање на македонскиот идентитет“, велат од ДС.

„Само со меѓусебно почитување, признание и разбирање на историскиот контекст може да се надминат вештачки наметнатите спорови. Бугарија нема да добие ништо доколку Македонците и граѓаните на Македонија се чувствуваат поразени и понижени од едностраното решение за историските спорови во полза на Софија. Европската унија е заедница на рамноправни народи и граѓани и Македонците со право очекуваат таков третман од нашите бугарски соседи“, се вели во соопштението на ДС.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски