Заев: Во пензија ќе се оди задолжително на 64 години

Од:

„Носиме одлука за задолжително пензионирање за сите вработени на 64 години, а дамите може да одберат да се пензионираат на 62 години,“ изјави вечерва премиерот Зоран Заев во интервју на МТВ.

Тој истакна дека се предвидува можност за вработување на дефицитарни кадри на возраст над 64 години, во случај ако на конкурс за некој стручен профил не се јави никој и тогаш се отвора можноста за вработување стручни луѓе над 64 години.

– Втората важна компонента во рамките на реформите на пензискиот систем е пред полнење на 64, односно 62 години да може да се докупи стажот, истакна Заев, додавајќи дека се отвора можноста граѓаните за тие пет години да ги платат придонесите за пензиско осигурување и може да заминат во пензија.

Тој појасни дека сумата на придонесите за пезниско осигурување за тие пет години е 18,4 проценти од платата, односно до 2.500 евра.

– Ние мораме да го заштитуваме пензискиот фонд и истовремено отвораме нови работни места, пензискиот фонд мора да го држиме стабилен да дава редовно пензии, но и да обезбедува пензии за идните пензионери, нагласи премиерот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Во видео од неколку секунди излезе на виделина целото лицемерие, аздисаноста и лажната грижа за народот на СДС

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите

СДСМ: Mицкоски ги излажа пензионерите, нема зголемување на пензиите за 5.000 денари како што ветуваше

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ