Ресен е единствениот македонски град во кој нема активни случаи на заразени со коронавирус, покажуваат податоците на здравствените власти. Во центарот на преспанскиот регион од почетокот на пандемијата се забележани вкупно 147 случаи, но во моментов нема заразени лица, покажуваат податоците на Министерството за здравство.
По Скопје, каде е регистриран 571 активно заразен пациент, следат Куманово со 206 и Прилеп со 129 активни случаи на Ковид-19. Над 100 активни случаи има во Тетово -107. Во Гостивар во моментов има 95, а во Штип – 89 активно заразени лица. Следните македонски градови со најмалку активни случаи се Демир Хисар и Крушево, каде има по двајца пациенти заразени во моментов.
Што се однесува на ситуацијата со вирусот во Скопје, од вкупно 571 активен случак во главниот град, и натаму најмногу се бележат во Аеродром (94), а следат Гази Баба со 71 и Карпош со 68. Еве како се распределени активните случаи по скопските општини заклучно со денеска:
• Чаир – 51
• Гази Баба – 71
• Аеродром – 94
• Карпош – 68
• Центар – 61
• Кисела Вода – 54
• Ѓорче Петров – 33
• Бутел – 43
• Шуто Оризари – 20
• Студеничани – 16
• Сарај – 16
• Арачиново – 9
• Илинден – 12
• Сопиште – 4
• Чучер Сандево – 1
• Петровец – 4
• Зелениково – 1
• Странец – 4
• Нераспределен-9