Мелани Реин одржа предавање во МАНУ

Од:

Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска д-р Мелани Реин од Кембриџ, Велика Британија одржа предавање на тема „Согледби за предавството“.

Предавањето на Реин е засновано врз теоријата на Карл Густав Јунг, а се однесува на предавството и на неговите манифестации, како на индивидуално, така и на колективно рамниште.

Реин истакна дека работи со клиенти, на нивните животи и соништа и оти не користи клинички материјали. Во своето предавање наведе примери од Библијата, од митовите и сказните.

Академик Катица Ќуљафкова информира дека Мелани Реин е во Македонија со поддршка на Одделението за лингвистика и книжевна наука и со Претседателството на МАНУ.

Мелани Реин ја почнала својата кариера на Универзитетот во Кембриџ, а потоа го напуштилa со цел да се посвети на практична дејност и на истражувачка дејност од меѓународен карактер низ светот, на големи истражувачки проекти. Ја завршила книгата за предавството и таа студија наскоро ќе биде објавена во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Катерина Ѓуровски

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

Влен: Академијата за науки и уметности на Албанците не треба да се гледа како контраст или паралелизам на МАНУ

Муртезани: Не можам да тврдам, но има перцепција дека во МАНУ нема пристат за други етнички заедници

Претседателство на МАНУ: Академијата е отворена за сите што ги исполнуваат критериумите, да не се вовлекува во дневнополитички расправи