Моторно масло се излеа во Вардар

Од:

Нов еколошки инцидент, инспекциите трагаат по предизвикувачот. Моторно масло се излеа од топилничарската канализација и заврши во водите на Вардар кај Велес, извести општинскиот еколошки инспектор Билјана Шуркова-Манаскова, која вели дека се трага по сторителот.

– Во текот на вчерашниот ден е забележано дека се излеало масло од каналот кој води до топилничарската канализација која одамна прави проблеми и на која до денес се приклучува кој ќе стигне. Заедно со екипи на ЈКП Дервен цел ден работевме на терен, земавме примероци и иако тешко оди откривањето на сторителот сепак се работи на тоа. Очекуваме да се вклучи и Државниот инспекторат за животна средина – рече Шуркова-Манаскова.

Според неа се работи за материја од минерално потекло која не се знае во колкави количини се излеала во реката, но вели дека сепак и во помали количини може да биде опасна за животната средина.

Инаку пред два месеци се излеа масло во реката, за кое подоцна се утврди дека е со потекло од фабриката за масло „Благој Ѓорев“. Инспекторатот покрена процедура за казнување на загадувачот кој се соочува со казна до 70.000 евра. На овие инциденти реагираа екологистите кои сметаат дека мора државните институции да ја засилат контролата, јавно да обелоденат што ќе се случи со загадувачите и за нив да следат најригорозни казни, објави порталот Дума.мк.

Би можело да ве интересира

Изгоре автомобил на паркинг во Велес

Mртов 42-годишен маж е пронајден во помошни простории

Горан Наумовски

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

Во стан во Велес пронајден мртов маж

Дете со здравствени проблеми e истепано во Дневниот центар во Кавадарци

Мајка и ќерка се тешко повредени во сообраќајка на пругата кај Стар Мост во Велес

Горан Наумовски