Торонто изедначи со Бостон, Клиперс на една победа до конференциско финале

Од:

Бранителот на шампионски трофеј во НБА лигата, тимот на Торонто репторс и кошаркарите на Лос Анџелес клиперс забележаа победи во натпреварите од плејофот одиграни ноќта среда кон четврток.

Торонто се избори за мајсторка во серијата со Бостон во полуфиналето на источната конференција победувајќи го шестиот дуел дури по две продолженија.

ЛА клиперс беше убедлив против Денвер и сега се наоѓа на само еден чекор до финалето во Западната конференција.

Резултати:

Бостон селтикс – Торонто репторс 122:125 (3-3 во серијата прв до четири победи)

Денвер нагетс – Лос Анџелес клиперс 85:96 (1-3).

Вечер во 1 часот по полноќ играат Хјустон рокетс – Лос Анџелес лејкерс (1-2 моментален резултат во победи).

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он